„Do It Right“ на кубанката со босански корени Јулијана е најновиот хит од студиото на Роберт Билбилов

Од студиото на еден од најдобрите македонски композитори и продуценти, Роберт Билбилов постојано излегуваат хитови, како за македонски, така и за изведувачи од регионот, па и пошироко. Популарниот музичар, кој често ја лансира кариерата на нови и надежни имиња, изминатиов период соработуваше и со ар-ен-би пејачката Јулијана, чиј сингл насловен „Do It Right“.

За нејзиниот нов сингл, чија музика, аранжман и продукција ги потпишува Билбилов, талентираната пејачка стиховите си ги напиша сама, а како звучи сето тоа, можете да слушнете во продолжение.