„South park“ имаат нова песна, слушнете ја „Најмил мој“

„Најмил мој“ е насловот на новиот сингл на групата „South park“. Музиката и мискот се дело на Зоран Костадиновски, додека за текстот се погрижи Светлана Јовановска-Трајкоска.
Миксот и мастерингот на песната ги изработи Александар Масевски, а пак видео записот, кој воедно е и прв видео запис на „South park“, го изработи Александар Ристовски – Принц.
Оваа урбана скопска група ја сочинуваат: Светлана Јовановска-Трајкоска – вокал, Зоран Костадиновски – гитара, Виктор Николовски – бас гитара, Благојче Пенов – тапани и Горјан Стојменовски – гитара.