Шарапова ќе игра во квалификациите на Вимблдон

Марија Шарапова потврди дека нема да бара вајлд-карта за настап во главната ждрепка на Вимблдон, поштедувајќи ги организаторите од одлука која може да биде подложна на критики.

Русинката веќе прифати покана да игра на подготвителниот турнир во Бирмингем, кој почнува на 19 јуни, откако претходно организаторите на Францускиот опен решија да не и доделат вајлд-карта.

Шарапова ќе влезе во историјата како прва поранешна шампионка која ќе игра на квалификацискиот турнир, а исто така може да биде првата тенисерка која станала шампионка преку квалификациите.