БЕСА ја условува поддршката за Влада со евентуална промена на Талат Џафери

Високиот функционер на Беса, Кастриот Реџепи го повтори ставот на движењето Беса дека поддршката за Владата на СДСМ ја условува со преразгледување на изборот на Талат Џафери за Претседател на Собранието на Република Македонија.

Движењето Беса не го поддржа изборот на Талат Џафери и имаше свој кандидат за оваа позиција. Според информациите кои кружат во јавноста едно од клучните барања на Беса за поддршка на владата на СДС и коалиционите партнери е да го добие местото Претседател на Собранието на Република Македонија.

-При предложувањето на господинот Талат Џафери како кандидат, тој беше предлог на СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците. Значи ние не бевме дел од тој процес на консултација и заради тоа мислиме дека тоа треба да се продискутира понатаму како една целина за можна соработка понатаму во владеачка коалиција.- рече Кастриот Реџепи

Талат Џафери беше избран за Претседател на Собранието во процедура која е оспорена и според деловнички и според законски аспект и ваквите изјави кои доаѓаат од движењето Беса дополнително го оспоруваат неговиот легитимитет.