Лопетеги го соопшти списокот на играчи на шпанската репрезентација за дуелот со Македонија

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Хулен Лопетеги го соопшти поширокиот список со 25 фудбалери на шпанската репрезентација за двата натпревари во јуни, пријателскиот со Колумбија на седми и квалификацискиот за настап на СП во Русија наредната година против Македонија закажан за 11. јуни во Скопје.

Силната шпанска армада ја предводат Андрес Иниеста, Серхио Рамос, Жерар Пике, Давид Силва и Диего Коста.

Список:

Голмани: Де Хеа, Кепа, Реина.

Одбрана: Аспиликуета, Алба, Карвахал, Начо, Рамос, Пике, Монреал.

Среден ред: Роберто, Илјарименди, Бускетс, Коке, Иниеста, Алкантара, Иско, Асенсио, Силва.

Напад: Педро, Витоло, Мората, Делофеу, Коста, Аспас.