УЕФА даде зелено светло – мечот Македонија-Албанија ќе се игра во Струмица

Според информациите на дневниот спортски весник “Македонски Спорт” квалификацискиот меч меѓу Македонија и Албанија ќе се игра во Струмица а не во Скопје. Веќе има договор за овој меч, кој треба да се игра во рамките од 8. коло во Групата „Г“ за СП во Русија 2018 година, и ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.

Според информациите УЕФА не само што била запознаена со оваа намера на Фудбалската Федерација на Македонија, туку и дека првично дала одобрување.

Значи УЕФА вели „ДА“ за Струмица, за мечот на 5 септември оваа година.