Бурни реакции – Британците побеснеа поради запросувањето на Јана на Евросонг!

Македонската претставничка на Евровизија Јана Бурческа беше запросена од страна на нејзиното момче Александар и тоа пред милионски аудиториум.

Ова е прво запросување на „Евровизија“ и ги разнежи сите обожаватели и гледачи, но некои го пропуштија овој симпатичен настан, пишува српски „Блиц“. Имено, гледачите од Велика Британија бесно коментираа на „Твитер“ тоа што „Би-Би-Си“ не го пренесувал овој момент.

Така додека сите го пренесуваа моментот кога Јана кажа „Да“, Британците беа принудени да ги гледаат своите коментатори Мел и Скот, поради што британскиот јавен сервис се најде на удар на критики.