Koј е Александар, свршеникот на Јана?

Македонија не доби финале, но Александар Филиповски го доби најважното за него, раката на неговата девојка Јана Бурческа, со која наскоро ќе го добијат и првото дете.

„Евровизија 2017“ беше полна со изненадувања за Македонија. Прво, пред настапот на нашата претставничка, во најавното видео дознавме дека младата пејачка е бремена.

Веднаш по гласањето, а пред да се објават резултатите, се случи и првото евровизиско запросување. Филиповски клекна пред Јана и ја побара за жена пред цела Европа.

Но, пред вчерашното полуфинале, малкумина знаеја дека Јана е во љубовна врска. Скопјанецот Александар е всушност гитаристот од нејзиниот бенд „Оф битз“. Тој е и дипломец на Факултетот за физичка култура.

Јана и Александар се заедно скоро две години.