Бејл подготвен за мечот со Барселона,Варан и Пепе под знак прашалник за “Ел Класико”

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл го одработи последниот тренинг пред дуелот со Барселона во шпанското фудбалско првентсво. Бејл се повреди против Баерн во првиот дуел на „Алијанц арената“, по што следуваше пауза од два меча, односно го пропушти Спортинг Хихон и реваншот со „баварците“ на „Сантијаго Бернабеу“.

Добра вест за Реал Мадрид е информацијата дека и дефанзивецот Рафаел Варан се врати на тренинг, но засега не се знае дали ќе биде потполно подготвен за дуелот со Барса, додека Пепе започнал со работа по индивидуална програма за побрзо опоравување.