Британски атлетичар загина во сообраќајна несреќа во Јамајка

Британскиот атлетичар Џермејн Мејсон загина во сообраќајна несреќа во Јамајка. Освојувачот на сребрен медал на Олимписките игри во Пекинг го загуби животот после пад од мотор.

Мејсон починал на самото место, а јавноста во Јамајка и Велика Британија уште е во голем шок и неверица.

Со скок од 2.34 метри Мејсон освои сребро на Олимписките игри во Пекинг и тоа е негово најдобро остварување во кариерата.