Давид Темелков ја промовира „Љубав на даљину“

Пејачот кој никого не остава рамнодушен подготви ново изненадување за своите фанови. Популарниот Давид Темелков оваа сабота, 22.04. 2017 год. во 12 часот, на публиката во Загреб  ќе и се претстави со нова песна од работилницата на легендарниот автор  Мирослав Рус.

Темата „Љубав на даљину“, како и изведбата на Давид, на сите што го слушаат, им го одзема здивот, без разлика дали тоа се неговите фанови или обични слушатели. На сите негови настапи во живо во преден план  се  неговите исклучителни вокални квалитети и вродениот шарм, па затоа не изненадува тоа што претставничките на понежниот пол се почесто од него бараат фотографија или автограм!

Покрај новата  „Љубав на даљину“ присутните на промоцијата ќе биде во можност да уживаат и во претходните песни на  Давид:  „Била је боља“ и „Дишем за нас“.

На ден пред настапот во Загреб, Давид Темелков може да го слушнете во живо овој петок,  21.04.2017  во спортската сала „Младост“ во Карловац, каде што ќе настапи како дел од  големата концертна турнеја „Радиско срце“.

Погледнете го видеото и слушнете ја новата песна на Давид Темелков – „Љубав на даљину“ во продолжение: