Самсоненко”Ако има судиска неправда, ќе се повлечам од ракометот”

Првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко, на неколку дена пред четвртфиналната пресметка со Фленсбург откри дека сериозно стравува од судиска неправда.

„За мене е ова многу сериозен и важен момент. Благодарност до претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, на генералниот секретар Филип Милошевски и на Господинот Михајло Михајловски, претседателот на СЕХА, што најдоа време да дојдат за овој наш за нас важен момент пред четвртфиналето. Ова е четврта година по ред што играме во четвртфинале.
За нас е многу важна затоа што четири години по ред се бориме на спортски терен и надвор од спортскиот терен со една цел да влеземе на Ф4 во ЛШ. Многу поминавме во ова време.
Во нашата екипа имаше и добри и лоши моменти, но ние секогаш имавме една цел. Имаме лоши информации, не сакам да зборувам за тоа, без разлика што и да се случи, ние ќе дадеме се од себе за да го поминеме Фленсбург.
Единствено што сакам да поставам прашање пред јавноста е дали го заслуживме ова? Мислам дека ние го заслужуваме ова за се што правиме, не само за развојот на нашата екипа, туку и на целата инфраструктура, младите категории, тоа е иднината на македонскиот ракомет.Не можам да инвестирам 7 милиони евра секоја година, но ќе останам да ги поддржувам младите категории. Сакам да ја повикам цела нација, да имаме поддршка и во Флензбург, но и во Скопје. Сите Македонци што живеат во Германија нека ни се обратат за да обезбедиме билет “ истакна Самсоненко.