ВОЗНЕМИРУВАЧКО:Навивачите на Белграно намерно фрлија свој член од трибина кој подоцна им подлегна на повредите (ВИДЕО)

Белграно и Талјерес Кордоба изминатиов викенд изиграа 1:1 во големото градско дерби кое се одигра на стадионот „Алеберто Кемпес“, но наместо по фудбалската игра и постигнатите два гола, овој меч ќе остане запаметен по една ужасна трагедија која го потресе цел свет.

Имено, за време на паузата меѓу двете полувремиња, дошло до тензија и големи искри меѓу членови од фан групата на Белграно, но сепак ситуацијата отишла до толку далеку, што дел од навивачите намерно фрлиле свој член од трибината. Аргентинските медиуми пренесуваат дека тоа било направено со намера поради недоразбирања од приватниот живот, а на останатите фанови кои со чудење го следеле инцидентот им било пренесено дека тој всушност фленото момче е инфилтриран фан на противникот Талјерес.

За жал, целата оваа ужасна и незапаметена ситуација во Аргентина заврши на најтрагичен можен начин, откако доцна во ноќта аргентинските медиуми пренесоа дека младиот Емануел Балбо им подлегнал на тешките повреди на главата и починал во болницата.