Русија демантира дека ќе гради база во северозападна Сирија

Русија не планира да има нови воени бази во Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Демантот уследи откако курдските милиции Сили за заштита на народот објавија дека се договориле со Москва за нова воена база во курдскиот реон во северозападна Сирија.

– Нема планови за нови руски воени бази на територијата на Сирија, се посочува во соопштението на Министерството за одбрана

Претходно, портпарол на Силите за заштита на народот Редур Кселил изјави дека вчера е постигнат договор со Русија за изградба на база во северозападна Сирија, а руски војници и оклопни возила веќе пристигнале во Џандарис, округот Африн. Според него, договорот денеска стапува во сила.

Кселил не наведе колку руски војници пристигнале во Џандарис, каде е предвидено да се изгради база.