Робен ќе биде казнет поради реакцијата кон Анџелоти

Холандскиот фудбалски репрезентативец Арјен Робен имаше жестока реакција кон својот тренер Карло Анчелоти, кој одлучи да го замени пет минути пред крајот на мечот против Борусија Менхенгладбах и да му даде шанса на Ренато Санчез.

Германските медиуми откриваат дека Баерн Минхен сигурно ќе го казни парично Робен за ваквиот однос, а можно е и Анчелоти воопшто да не го уфрли во составот за наредниот меч од Бундес-лигата, по репрезентативната пауза.