МИТРОПОЛИТИТЕ Пeтар-Агатангел за РСМ: БЕЗ ПАРДОН ЗА МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА

„ Во Македонија не може да се менува, ниту име на држава, ниту име на нацијата,ниту има на јазик, ниту име на црква  ниту ништо што е македонско од кое никој не смее да остапи и ниту едн народ кој што живее тука.” изјавија во интервјуто за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија ,митрополитите на МПЦ, Петар И Агатангел.

–       Притоа , владиката Петар додава:„ Овој наш народ треба да се крене цврто со својот глас и да каже дека  од ништо не остапуваме што е македонско и дека треба да се направи без  размислување една македонска Платформа во која ќе се стави не само црвената, туку и жолтата линија”, истакнува митрополитот преспанско брагалницки и администартор австралиско новозеландски Патар.

Според македонскиот владика Петар: Името на нашата држава и нашата црква, се нешта за кои мораме да водиме сметка бидејќи доколку се избрише името на државата и името на македонската нација како и на македонскиот јазик тогаш ќе се избрише и името на МПЦ.На тој начин ние со една таква одлука или став донесен во собранието на Македонија конечно ќе изврши самоубиство.Стануваме самоубиствен народ кој сам доброволно  си потпишал на некој начин самоунишштување или смртна казна.

Од друга страна повардарискиот митрополит Агатангел се осврна на мешетарењето и мешањето на странските служби и амабасадори во работата на државниот врв и притисоциите Тиранската платформа да стане реалност и пракса во македониај, владиката Агатангел со став:„ Сите оние кои се во амбасадите дали се европски или други големи држави.Особено  го повикувам американскиот Џејс Бели, кој еве и денњеска го повикува нашиот претсдетел Др Ѓорѓе Иванов да се повлече и да го даде мандатот, за да се формира влада” истакнува Агатангел и порачува: „ го молам господинот Бејли  да престане дав врши притискок врз нашиот претседател и сите други амбасадори да престанат да вршат притисоци  за да формира нова влада.Нашиот претседател е доволно умен, и тој знае што треба да направи.Му благодариме на Господа, што во овие тешки моменти ни го даде да го имаме,  затоа ако немавме ваков претседател, јас денеска мислам дека  ќе имавме двојазичност ,промена на знаме ,химна  и се или со еден збор Тиранската платформа ќе беше реалност и реализирана во целост..За да не се случат вакви работи, амбасадорите нека си ги пишуваат своите извештаи и нека сии ги праќаат до куќите од каде се пратени да ја следат состојбата во македонија и да и помогнат на оваа земја, а не да и одмагаат и да ја тераат во ќор сокак.” категорично повардарискиот митрополит Агатангел

И двајцата митрополити  не не се откажаа од критиките кон тиранскат платформа и со став: Тиранската платформа не случајно сега таа се нуди,затоа што, сметаат дека амкедонскиот народ  веќе падна на колена и дека тој е во состојба на еден дилириум и во таква состојба кога се најдува еден народ е најпогодно вренмем дека ќе може да му се наметне таква платформа позната како тиранска во овој случај за промена на сето она што е македонско .И во тој контекст на нештата таа платформа практично може да се нарече не е создадена во  Тирана, односно таа беше подготвена  од навор а во Тирана само се промовира.Да потсетиме  пред објавување на Тиранската платформа кој се бил во посета на нашиот западен сосед ,а тоа знаете дека беше поранешниот американски претседател на САД господинот Обама и поранешниот директор на ЦИА, или со еден збор пријателите на Сорос и резултантат е јасна ,а тоа е разнебитување на Македонија и создавање на Голема Албанија.Се надеваме  дека актуелниот председател Трамп нема тоа да го дозволи бидејќи истиот беше јасен дека САД и тој како нејзин претседател ќе стават точка на рушење на Влади и нема да се мешаат во внатрешните работи на демокраските држави..оценува владика Петар

–       Од друга страна владиците  не го пропуштија   Пописот и помирувањето меѓу македонскте партии за излезот од наметната криза и со оценка:„ Во Македонија немаме попис уште од далечната 2002 година и тоа не е добро,додека во некои други современи држави ПОПИСОТ е редовна работа и секкао полезна са самата држава, додека во Македонија тоа е катастрофално бидејќи не знаеме се што имаме во државата и колку сме во самата држава.Не знаеме кој е жител на Македонија, а кој е надвор.

 

–       Знаеме дека имаме од соседните држави, особено од Албанија и од Косово луѓе кои гласаат  на две и повеќе места, бидејќи поседуваат две три државјанства, а всушност не се со постојан престој тука во репубилкиа Македонија, оценуваат тие

 

–       И на крајот не изостана и точката од тиранската платформа за геноцидот врз Албаниците од 1912 до 1956 во Македонија од страна на Македонците , Владика петар со коментар:„ Една точка од платформата е и за геноцидот врз Албанице  од 1912 -1956 година од страна на Македонците,односно да се донесе во македонскиот праламент Резолуција, нашиот народ извршил геноцид врз Албанците од 1912 до 1956 година тоа е нешто карактеристично непријатно за нас како народ и ние ке не моземе да говориме за тој период од 1912 до 1944 затоа што ние немаме држава затоа што тие тука во тоа врема владеат и Бугарите и Србите како и Италијанците за врема на војните во западна македонија заедно со Албанците, односно тие биле во таборот на Албанците познати како балисти.И сега наеднаш стануваме непријатели на тие наши соседни народи, а токму тој што го потпишал или го напишал тој договор за таа платформа од наша страна мислам од македонска страна.

–       „Ние сме биле единствениот виновен народ што не сме имале непријатели околу нас,а со ваквата наша одлука или став практично стануваме непријатели на тие народи бидејќи ги прогласуваме за  геноцидни народи.Од друга страна, ние сме пак геноциден народ од 1944-1956 година, бидејќи за тие 12 години ние практично прогласуваме дека ние сме ги уништиле Албанците на овие простори , а што тоа е најкатастрофалното за нас о како народ и како нација и мислам дека по прашањето на геноцидот тоа е нешто најстрашно може нам да ни се случи, и не можам да замислам дека Македонците од АСНОМ  па наваму извршиле геноцид извршиле геноцид врз алнаското население”, исканаа македоските митрополити Патар и Агатангел за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија