Фени Индустри лесно помина со Охрид

Домаќинот Фени Индустри е вториот полуфиналист на Лимак Купот на Македонија во кошарка, откако лесно го победи АБ Охрид со 112-69.

Најефикасни во победничката екипа беа Чешковиќ со 20 и Николовски со 18 поени, а Брукс со 37 поени беше единствената светла точка кај охриѓани.