Хесус опериран, паузира до крај на сезоната

Бразилскиот интернационалец Габриел Хесус е опериран во Барселона по тешката повреда на скочниот зглоб, поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната во Премиер – лигата. Тој ќе се лекува во Шпанија, а менаџерот Пеп Гвардиола, за жал, ќе го нема на располагање до крајот на сезоната. Хесус заработи скршеница на метатарзалната коска на стапалото.

Се чувствувам добро и веќе оптимистички гледам на периодот што следи“, порача Габриел Хесус по извршената операција.

Бразилецот се повреди на натпреварот против Бурнемаут (0-2) во Премиер – лигата.