Џонсон со остри критики кон поранешниот британски премиер Тони Блер

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска остро го критикуваше поранешниот премиер Тони Блер, кој ги повика Британците да му се спротивстават на Брегзит, истакнувајќи дека Блер со тоа ја навредува интелигенцијата на британските гласачи.

– Ги повикувам Британците да станат и да ги исклучат телевизорите кога ќе се појави Тони Блер со својата понижувачка кампања, нагласи Џонсон на прес-конференција во Бон.

Блер претходно започна кампања и ги повика гласачите да се спротивстават на владината одлука Лондон да ја напушти ЕУ по секоја цена, додавајќи дека таквиот потег би можел да биде штетен за идните генерации.