Зеландија , е нов континент ?

Името  Зеландија за првпат е употребено од геофизичарот Брус Лајендајк во 1995 година

Геолозите велат дека  ноовооткриеното копно  во Тихиот Океан, во близина на Австралија, може да се нарече континент и го именуваа како Зеландија, јави „Дејли Мејл“.
Единаесет геолози од Нов Зеланд, Нова Каледонија и Австралија во својот научен труд насловен како „Зеландија: Скриениот континент на Земјата“ тврдат дека копното „ги задоволува сите четири услови да биде наречено континент“, иако 94 проценти од внатрешноста на самата површина е под вода.
Доколку ова биде и формално усвоено, ова ќе биде најмалиот континент на Земјината топка, со површина од 4,9 милиони квадратни километри, а се верува и дека тука се наоѓаат големи наоѓалишта на фосилни горива.