ФМ Врева

Земете здив:Свети Спас-Штип

На едно израмнето карпесто плато, на левата страна од реката Отиња, е поставена црквата „Свети Спас“. Оваа црква со својата тивка убавина постојано го привлекува погледот и вниманието на минувачите. Тоа е еднокорабна црква за која се смета дека ја подигнал војводата Димитар во 1369 год. Живописот од XIV век не е сочуван. Второто живописување било изведено во 1601 година.

sv spas freski 01

Фрескоживописот во црквата „Свети Спас“ претставува извонредна творба на живописување на црквите од тој период, а како сликар на фрескоживописот кој се одликува со исклучителни тонски квалитети, се јавува зографот Јован.

freski sv spas

Околу „Свети Спас“ има некропола со гробови со различна временска припадност.