Антиќ: Ѕвезда е одлична кога игра пред своја публика

Перо Антиќ пред натпреварот со Црвена Ѕвезда во Евролигата, повторно со пофални зборови кон својот поранешен тим.

„Не очекува доста тежок натпревар. Звезда фати залет и игра во добар ритам особено пред ’делиите’. Мора да одиграме паметно во текот на сите 40. минути, доколку сакаме да оствариме добар резултат“, рече Антиќ, кој додаде: „И ние имаме свои адути и квалитети. Ќе има голема борба и одлична атмосфера“. – изјави Антиќ.