Ова е Хајден,првиот бремен маж во Британија !

20-годишниот Хајден Крос , од Глостер-Англија , е првиот маж во Велика Британија , кој јавно на Фејсбук објави дека е бремен.

Крос  е роден како девојче, но веќе три години е законски признат и живее како – маж. Веќе прима терапија за промена на полот, но одлучил – пред завршните операции да роди.

hajden

Така, идниот „татко“, кој на социјалните мрежи нашол донатор на сперма, сега е во четвртиот месец од бременоста.

По породувањето, ќе следат операции за отстранување на „неговите“ гради и јајници.

„Се израдував, но во истовреме знаев дека ова ќе ја забави промената на полот. Да се носи дете во утробата е женска работа и е во спротивност со чувствата во моето тело. Сакав дете сега, за да можам да го променам полот пред да остарам“, изјави Хајден за таблоидот „Сан“.

Потсетување : Во 2008-мата , Американецот Томас Бити беше првиот маж во светот кој објави дека е бремен.