Анџелина Џоли во емотивно интервју за разводот од Бред Пит

Анџелина Џоли за прв пат во јавноста проговори за својот однос со својот поранешен сопруг, Бред Пит, и последиците кои разводот ги остави на неа и нивните шест деца.

Холивудската ѕвезда во моменотв со децата престојува во Камбоџи, не можела да ги соджи емоциите, ниту пак да ги задржи солзите…

„Не сакам многу да зборувам за тоа, освен да кажам дека тоа е многу тешко време за сите нас како семејство, а ние секогаш ќе бидеме семејство“, изјави таа емотивно во интервјуто.

Актерката и режисерка изјави дека многу луѓе се нашле во слична ситуација и знае дека сето тоа е многу тешко како за двајцата, но и за целото семејство.

Лана Дел Реј има нова песна

Поминаа две години откако познатата пејачка го објави својот последен албум Honeymoon и оттогаш не сними ниту една нова песна. По две години, Лана Дел Реј конечно ги израдува своите обожаватели со нова песна.

Во среда во Јавна соба ,промоција на книгата „333 Афирмации“ (ВИДЕО)

Денеска по вестите во 15 часот , во ФМ Врева гостуваше Катерина Ангеловска -истражувач, прв сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Џек Кенфилд на Балканот, тренер за личен развој, мотивациски говорник.
Оваа среда (22.02), со почеток од 19:30 часот, во Центарот за дизајн и иновации – Јавна соба, ќе биде  промовирана  нејзината дебитанската книга „333 Афирмации“ .

Оваа мала збирка од 333 афирмации е за секој што ја прифаќа идејата дека во него лежи моќта за сѐ што сака да создаде. Ако верувате дека можете да го постигнете невозможното, и тоа благодарение на сопствените потенцијали, тогаш верувајте – ве очекуваат магични награди , вели авторката.
Разговорот за книгата и промоцијата  , го имате на следниот линк.

Вечер посветена на Бела Барток во Јавна соба

По  повод сеќавање на  музичкиот генијалец Бела Барток , вечерва во 20.00 часот во Јавна соба, во соработка со унгарската амбасада во Скопје и унгарскиот директорат за уметност и култура организираат концерт на Oláh Dezső Trio – програмска интерпретација на композиции од Бела Барток во џез варијанта.

Влезот за сите посетители е слободен.

Бела Барток е еден од најпознатите композитори на етно музика кој творел во дваесетиот век, најпознат унгарски композитор и еден од основачите на етномузикологијата.Неговата музика се каректеризира со драматично менување на звукот во музиката на дваесетиот век.

Започна пријавувањето за фестивалот за деца „Тинтири Минтири Филм Фест“

Меѓународниот филмски фестивал за деца „Тинтири Минтири Филм Фест“ објавува отворен повик за пријавување на третото издание на фестивалот, кое ќе се одржи во јуни во Скопје.

Повикот е отворен за професионални филмови за деца и филмови направени од деца. Право на пријавување имаат сите филмови изработени во било која техника кои предходно не биле пријавени на овој фестивал а се завршени по 31 декември 2015 година. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории: кратки филмови за деца (до 25 минути) или долгометражни филмови за деца (до 120 минути), како и краткометражни филмови направени од деца, со времетраење до 10 минути.

Краен рок за праќање на материјалите е 15 април.

„Тинтири Минтири Филм Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со Кинотека на Македонија.и со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје.

На 20-ти февруари е роден Курт Кобејн

На 20-ти февруари 1967, е роден америнакскиот гитарист , вокалист и композитор Курт Кобејн основач на гранџ легендите  Нирвана во 1985 година , славни по   „Come As You Are“, „About A Girl“,  и каверот на Дејвид Боуви – The Man Who Sold The World.
Во текот на својот  живот, Кобејн се бореше со депресијата, алкохолот и дрогата, а во април 1994 та година се самоуби на 27 годишна возраст, а зад себе остави музичко наследство кое и ден денес е основа за голем број следбеници.

Ја слушаме „Smells Like Teen Spirit” , химна на една генерација.

Денеска во “ФМ Врева“, Катерина Ангеловска

Денеска во “ФМ Врева“ , по вестите во 15 часот ќе гостува Катерина Ангеловска -истражувач, прв сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Џек Кенфилд на Балканот, тренер за личен развој, мотивациски говорник.

Зошто ?

Затоа што на 22 февруари со почеток во 19:30  во Public Room  ќе биде промовирана  нејзината прва   книга „333 Афирмации”.

„Оваа мала збирка од 333 афирмации е за секој што ја прифаќа идејата дека во него лежи моќта за сѐ што сака да создаде. Ако верувате дека можете да го постигнете невозможното, и тоа благодарение на сопствените потенцијали, тогаш верувајте – ве очекуваат магични награди“, вели Катерина Ангеловска.

 

После разводот Марк Ентони е во прегратки на 27 години помлада манекенка

Се шушкаше дека Марк Ентони по разделбата од Шенон де Лима ќе побрза да се врати кај Џенифер Лопез, но не! Тој среќата си ја најде крај манекенката Маријана Даунинг.

Иако процесот на развод од Шенон не е завршен, Марк веќе ужива во врската со 21-годишната манекенка. Извор на ТМЗ наведува дека Марк и Маријана се видени на вечера во Мајами, каде што размениле разговори и по некоја нежност, а на Марк можело да се види дека, навистина, ужива во дружење со оваа убавица.

По вечерата, Марк и Маријана се сретнале и наредниот ден, па дружењето е продолжено со недели. Манекенката сега го следи Ентони на неговите настапи, а неодамна биле и на одмор на Карибите

По преработката на „Туѓа си бескрајно“ „RePlay” ја претставија „Така случајно“

Сигурно се сеќавате на Никола и Столе, момците кои направија интересна преработка на „Туѓа си бескрајно“, хитот на Ефто Пупиновски…

Токму овие момци, деновиве ја промовираат нивната нова песна „Така случајно“, направена во соработка со Бојан Трајковски од „Eye Cue“.

– Во нашата нова песна направивме спој на звуците од гитара и саксофон , покажувајќи ја уште еднаш милозвучната и заводлива страна на македонската поп-музикa. Песната е со брзи елементи и невообичаена и искрено се надеваме дека ќе стане дел од музичкото секојдневие на нашата публика, која редовно е со нас на нашите настапи, велат момците од”RePlay”.

Нова снимка од Тоше која нема да ве остави рамнодушни

На една од многуте регионални музички фан страници на Фејсбук се појави уште една досега невидена снимка од нашата музичка легенда Тоше Проески.

Видеото на кое тој пее во еден ресторан е снимено со мобилен, а иако трае само неколку секунди, ќе уживате и ќе го пуштате повторно и повторно…

Ovako je pevao Toše Proeski. Snimak je nažalost kratak, kao i vreme koje je proveo sa nama… Neponovljiva ličnost.

Posted by Dnevna doza muzike UZIVO on Montag, 16. Januar 2017