Неагу потпиша за ЦСМ Букурешт

Двократната освојувачка на наградата за најдобра ракометарка во светот, Кристина Неагу, ќе се врати во Романија и ќе го носи дресот на актуелниот првак ЦСМ Букурешт.

Вардар беше во игра за потписот на романската ракометарка, но сепак, на крјаот романскиот тим дојде до потписот.

Таа потпиша двегодишен договор со ЦСМ Букурешт и изјави дека е навистина среќна што ќе може да ги покажува своите квалитети во градот во кој се родила.

Дабовиќ се огласи по немилиот настан “Симон ме претепа, многу сум потресена”

Српската кошаркарка, Милица Дабовиќ се огласи во јавноста по немиот настан и нападот врз неа од страна на нејзиното момче Шиме Шиклиќ Симон.

Една од најголемите ѕвезди кај нашите северни соседи била нападната во текот на вчерашниот ден во нејзиниот стан, по што она го пријавила истиот во полиција притоа објаснувајќи дека Симон ја стегал во пределот на вратот и притоа и нанел полесни телесни повреди.

” Многу сум потресена. Вистина е дека по кавгата Симон тргна на мене и ме претепа. Ова сакам да го кажам јавно зошто и пред два месеци учествував во таква кампања против насилството, не насетувајќи дека и мене ќе ми се случи истото. Го прјавив во полиција, сега е во рацете на државните органи. Сакам само да порачам дека никој не треба да трпи насилство, ” порачала Дабовиќ за „Курир“.

Oсомничениот сеуште е во бегство.

Ето заминува во Кина

Искусниот камерунски напаѓач, Самуел Ето по се изгледа ја заврши својата авантура во Турција, но не помислува да се повлече од активното играње фудбал.

Некои медиуми објавија дека Самуел Ето кариерата ќе ја продолжи во Кина бидејќи за него интерес покажува второлигашот Далиан Јифанг, кој сака да го комплетира трансферот до крајот на месецот.

Ето во моментов настапува во Анталијаспор, но турскиот клуб е спремен да го пушти, па медиумите тврдат дека трансферот би требало да се комплетира во следните неколку дена.

Евертон го купува Несторовски?

Челниците на Евертон се подготвени во своите редови да го доведат во своите редови Илија Несторовски.Претставници на „карамелите“ беа присутни на последниот меч на Палермо против Јувентус и според првичните анализи – задоволни се од она што го виделе.

Од Англија јавуваат дека Несторовски би можел да се пресели во Евертон за 20 милиони евра, а во клубот би пристигнал како потенцијална замена за Ромелу Лукаку, за кого е најавено заминување по крајот на сезоната.

Смртни казни за египетскиот фудбалски масакр од пред 5 години

Високиот суд во Египет ги потврди смртните казни за десет мажи поради учество во досега, најголемото насилство во земјата што се случи на фудбалски стадион, во февруари 2012 година, кога беа убиени над 70 навивачи.

Најголемиот број од жртвите буквално биле згмечени кога публиката се обидела да побегне од стадионот Порт Саид во истоимениот град, а гужвата ја предизвикале навивачите на клубот Ал Масри. Сведоци истакнуваат дека некои од навивачите паѓале, а други биле буквално фрлени од трибините.

Понискиот суд претходно осуди десетимина на 15, 14 и на 10 години затвор, додека 15 луѓе на по пет години затвор.

Пресудата на Високиот Касационен суд ја потврди пресудата на понискиот суд, и таа е конечно и не може да биде обжалена.

Обвинувањата се поврзани за убиство и за обид за убиство, а меѓу осудените на пет години затвор е и бившиот шеф на полицијата на Порт Саид.

Фудбалските натпревари многу често се можност за насилство во Египет. Тимовите чии навивачи учествувале во несреќата на стадионот. „Ал масри“ и „Ал ахли“ од Каиро се долгогодишни ривали.

Како што се наведува, хаосот настанал кога навивачите од Каиро извадиле транспаренти на кои биле испиани навредливи пораки за тимот кој победил.

Оттогаш во Египет е ограничен бројот на оние кои можат да учествуваат на натпреварите, а навивачите често се обидуваа насилно да влезат на стадионите каде што имаат забранет влез.

Во февруари 2015, најмалку 22 загинаа пред стадионот кога обезбедувањето им забранило на навивачите да влезат.

Трофејот од Суперкупот 2017 од 20. март низ градовите во Македонија

Во рамките на промоцијата на УЕФА Суперкупот 2017 кој во август ќе се игра на „Телеком арената“ во Скопје, од Фудбалската федерација на Македонија подготвуваат голема „турнеjа“ низ градовите во нашата земја со промотивни активности за еден од најголемите европски клупски натпревари.

Трофејот кој го добива победникот во Суперкупот на УЕФА, согласно предвидената програма за активности на ФФМ, од 20. март ќе патува низ поголемите градови во Македонија како би се донел поблиску до секој фудбалски вљубеник.

Лазаров “Да не беше Лино, никој немаше да чуе за Талески, Кузмановски, Велковски”

Македонската ракометна ѕвезда, Кире Лазаров, веќе неколку денови е во центарот на вниманието кај ракометната јавност, а тоа се должи на неговата одлука – од идната сезона да го носи дресот на француски Нант.

По овој повод специјализираниот интернет медиум за ракомет, „Balkan-handball“ направи интервју со нашиот капитен во кое Кире меѓудругото зборува за одлуката да премине во Нант, дали имаше опција за враќање во Македонија поточно во Вардар или Металург, како и за работата на селекторот Лино Червар.

„На маса имав многу опции. Поминав многу непроспиени ноќи дури да ја донесам оваа одлука. Барса беше во игра до последен момент, но решија да го подмладат тимот, нешто како Германија што направи и го освои златото во Полска. Нант покажа дека има големи амбиции во иднина, тој тим е тим кој сигурно чекори кон врвот. Оваа сезона го совладаа ПСЖ со високи седум гола разлика, тоа не е така едноставно.
Не можеш да го добиеш францускиот шампион ако не поседуваш висок квалитет, а ме радува тоа што клубот има амбиции и стратегија во иднина да биде уште посилен. Во преговорите беа многу коректни и концизни, што мене навистина многу ми се допадна. Имав и разговор со мојот поранешен соиграч Ентрериос, кој сега е помошник во Нант, како и со Шкоф, кој своевремено го носеше дресот на францускиот клуб. Од двајцата добив само пофални зборови за клубот и раководството, па се одлучив да ставам потпис на двегодишен договор“, изјави Кире.

Во продолжение Лазаров открива дали постоеше реална опција за премин во Металург или во Вардар.

„Македонија е во моето срце. Вардар се одлучи за Кристопенс и Македа. Имаат свој концепт и не се одрекуваат од него. Металург започна нов пат, откако се случија проблемите пред неколку години. Нивните планови се фантастични и треба да се поддржат. Не е лесно да се работи со млади ракометари, секоја чест за Червар за неговото трпение. Се надевам дека во иднина повторно ќе ги видиме на старите победнички патеки“, додека капитенот.

На крај зборуваше за успехот на СП во Франција и каде го гледа македонскиот ракомет во наредните две-три години.

„Не сум таков тип кој е задоволен од мали нешта. Дури често знам да претерам и да не бидам реален. По еден месец од завршувањето на Мундијалот можам да кажам дека оставивме одличен впечаток и сега започнува нов олимписки циклус. Македонија започна подмладување потпомогната со искусни играчи. Нашиот селектор знае што работи и што сака. Тој има огромно искуство и во својата кариера има поминато многу вакви денови како со Македонија. Имаме глава и опашка и треба да бидеме мирни и трпеливи. Резултатите ќе дојдат, а не само тие туку и загарантирана иднина за следните 10 години. Овој проект само треба да се поздрави. Никој не би слушнал за Талески, Кузмановски, Велковски, Томовски и уште многу други. Сите овие се млади момци кои ќе прераснат во добри и квалитетни ракометари, но нормално тоа зависи и од нив. Македонија има голема ракометна иднина. Сите овие момци Лино ги пронајде, трпеливо работи со нив и тоа ќе го продолжи. Овие се аргументи за да размислуваме позитивно во нашата ракометна иднина“, заврши Кире.

Лина Ѓорческа го задржа 192. место на ВТА листата

Тенисерката која ги забележа најдобрите резултати за Македонија, Лина Ѓорческа, остана на 192. место на ВТА-листата иако и минатата недела не забележа настап.

Таа има мала повреда која засега ја спречува да го даде максимумот, па засега тенисерката се рехабилитира и се подготвува за следните турнири.

Во конкуренција на двојки напредуваше едно место во однос на минатата недела и сега е на 136. позиција.

Втората тенисерка од Македонија, која исто така е рангирана на ВТА-листата, Магдалена Стоилковска, во моментов е на 1184. место во двојки, додека во сингл е на 1236. позиција.

Раниери го продава Варди

Првиот напаѓач во екипата на Клаудио Раниери, Џејми Варди има многу лоша сезона за разлика од претходната.
Откако минатата сезона беше предводник на екипата на Раниери, оваа сезона Варди игра очајно – има постигнато само пет гола и неговата неефикасност секако е една од причините за тоа што Лестер се наоѓа на дното од табелата во Премиер лигата.

Како што пренесуваат англиските медиуми, тренерот на „Лисиците“, Клаудио Раниери веќе е во потрага по замена за Варди.

Вејн Руни го пропушта реванш натпреварот против Сент Етјен

Вејн Руни ќе го пропушти реваншот на Манчестер Јунајтед против Сент Етјен во Лига Европа. Капитенот на “црвените ѓаволи” се уште не се опорави од мускулната повреда која ја заработи во текот на изминатата недела.

Англичанецот најверојатно ќе го пропушти и финалето на Лига Купот во неделата против Саутемптон.Оваа информација ја потврди менаџерот на “црвените ѓаволи” Жозе Мурињо.