Република Српска наскоро ќе има свој избирачки список

Република Српска подготвува нов закон за референдум, што треба да биде донесен оваа година, пишува српскиот весник „Блиц“.

Институциите во Република Српска почнаа да работат сериозно на новиот закон за референдуми, со што ќе бидат уредени и прашањата за самостоен избирачки список.

Државната изборна комисија (ДИК) на Босна и Херцеговина одби да и обезбеди на Република Српска избирачки список за потребите за референдумот за Денот на Република Српска, што се одржа во септември минатата година, но босанските власти и меѓународната заедница го отфрлија како незаконски.

Потоа Република Српска се обрати до босанскиот Суд, каде беше потврдена одлуката на ДИК, а потоа земјата поднесе жалба до Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Минатата недела Уставниот суд ја отфрли жалбата на босанската српска Комисија за спроведување на референдум како неприфатлива.

Николиќ се откажа од претседателската трка

Претседателот на Србија Томислав Николиќ попладнево за српски „Курир“ изјави дека кандидат за претседател ќе биде актуелниот премиер Александар Вучиќ, пренесува Танјуг.

Николиќ посочи дека за распределбата на функциите со Вучиќ ќе разговараат по претседателските избори.

Изјавата на Николиќ доаѓа по средбата со Вучиќ, на која обајцата се согласиле дека во период кога Србија се наоѓа пред сериозни предизвици и искушенија неопходно е да се пружи заеднички и сеопфатен одговор.

„Блиц“ објави дека Николиќ се откажал од кандидатурата иако, како што наведува весникот, неговите соработници за време на викендот го „убедувале сепак да оди до крај“

Почина Виталиј Чуркин, амбасадорот на Русија во ОН

Виталиј Чуркин, постојаниот ппретставник на Русија во Обединетите нации, почина денеска, откако утрово итно бил хоспитализиран поради проблеми со срцето.

Чуркин почина во Њујорк, само еден ден пред да наполни 65 години.

На функцијата амбасадор во ОН, Чуркин беше поставен во 2006 година.

Чуркин се наоѓал во руската амбасада во Менхетн, кога му се слошило, по што бил одведен во болница. Бил доведен во бесвесна состојба и направен е обид за реанимација. Сепак дипломатот почина во Пресвитеранската болница во Њујорк, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението од руското МНР не се наведуваат повеќе детали за неговата смрт.

Заменикот-амбасадор на Русија во ОН Евгениј Загајнов изјави дека Чуркин работел „се до последниот ми

Пенс: Трпението на Американците не е бескрајно

Не знам што ќе стане доколку не се исполнат ветувањата за зголемување на одбранбените расходи во НАТО, но трпението на Американците не е бескрајно. Тие очекуваат сојузниците да ги исполнат своите ветувања, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел.

Пенс посочи дека на барање на претседателот Доналд Трамп ја изразува силната поддршка на САД за Tрансатлантскиот сојуз, пренесува БТА.

– Имаме јасна обврска да ги развиваме плановите за долнително зацврстување на Алијансата. Имаме намера да го зголемиме нашиот одбранбен буџет. Убеден сум дека ние ќе ја завршиме нашата работа, но неопходен е и ист толкав и европски ангажман, додаде Пенс по повод одлуката, сите членки на НАТО да обезбедат одбранбените расходи до 2024 година да им изнесуваат два процента од домашниот БДП.

Пенс денеска изјави дека оваа цел е минимумот што се очекува од Европа и Канада.

Потпретседателот Пенс го цитираше претседастелот Трамп, според кого, оваа обврска предолго време не била исполнувана.

– Вистината е дека многумина (од државите во НАТО) се уште немаат јасен правец за овој пат (за зголемување на воените расходи), изјави Пенс.

– Претседателот Трамп и Американците очекуваат сојузниците да ги исполнат своите ветувања и да направат повеќе за нашата заедничка безбедност. Време е за акција, а не за зборување. Повикувам на итен и траен напредок во исполнување на нашите обврски, додаде Пенс.

– Светот има потреба од силата на НАТО повеќе од кога било претходно. САД ќе ја задржат својата водечка улога во истуреното присуство на НАТО, на одгласите за активностите на Русија за насилно прецртување на границите. Се молам за мирот во Украина. Дури да пронајдеме нов пат кон Русија, ние ќе ја сметаме Москва за одговорна, изјави американскиот потпретседател.

Пенс инсистира НАТО да учествува во пресекување на финансиите на терористите.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, посочи дека зголемувањето на расходите во НАТО не е нешто на кое САД инсистираат, туку е тоа генералното решение.

– Не можеме да избираме меѓу тоа да трошиме повеќе и да трошиме подобро за одбраната. Треба да трошиме и повеќе и подобро, додаде тој.

Го гледаме силниот ангажман на САД во трансатлантската врска. Едногласни сме дека НАТО може и треба да направи повеќе во борбата против тероризмот. Европејците не можат да бараат САД да вложуваат средства во одбраната, доколку самите тие не го прават истото, изјави Столтенберг.

Тачи: Русија да го признае Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи побара Русија да „гледа подалеку од интересите на Србија“ и да не го споредува Косово со Крим, јави РТК2.

– Русија треба да го признае Косово и со тоа да го олесни товарот што го има Србија, изјави Тачи на состанокот на парламентарни одбори за надворешни работи во Приштина и побара преостанатите земји-членки на Европска унија да го направат истото.

– Прогласувањето на независност на Косово не беше еднострано, туку беше координирано со меѓународните партнери, посочи Тачи.

На собирот во Приштина учестуваат парламентарци од повеќе европски држави, како и од Турција, а тема се европските интеграции, регионалната соработка, миграциската криза и борбата против тероризмот и радикализмот.

Претходно, Тачи во во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ, побара Мадрид „што е можно побрзо“ да го признае Косово, истакнувајќи дека Шпанија не е „Србија на Милошевиќ ниту Косово е Каталонија“.

– Нема паралели меѓу Косово, Каталонија или Баскија. Прво, Шпанија не е Србија на Милошевиќ, Косово не е Каталонија или Баскија, посочи Тачи.

Тачи: Косово не е Каталонија

Претседателот на Косово, Хашим Тачи побара Мадрид „што е можно побрзо“ да го признае Косово.

Тачи, во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ, истакна дека признавањето на Косово не би требало да предизвика дополнителни националистички тензии во Шпанија, бидејќи не можат да се прават паралели меѓу двата случаи.

– Нема паралели меѓу Косово, Каталонија или Баскија. Прво, Шпанија не е Србија на Милошевиќ, Косово не е Каталонија или Баскија, посочи Тачи.

Тој апелира до Шпанија да го признае Косово бидејќи верува оти двете земји делат исти вредности.

Шпанија е една од петте земји-членки на Европска унија што не го има признаено Косово.

САД: Во Мосул се уште има околу 2.000 припадници на ИД

Во западниот дел на Мосул има уште околу 2.000 џихадисти, кои го бранат последниот голем бастион на Исламска држава во Ирак и покрај офанзивата на ирачките сили, изјави денеска неименуван претставник на разузнавањето на САД.

Тој за време на посетата на американскиот секретар на САД, Џејмс Матис на Багдад истакна дека пред 17 октомври минатата година, кога полна офанзивата за ослободување на Мосул, според разузнавачки информации, во градот имало од 5.000 до 7.000 џихадисти. Меѓународната коалиција предводена од САД тврди дека во офанзивата ИД претрпела големи загуби, но не наведува точна бројка на загинати џихадисти.

Б92: Томислав Николиќ,сепак, не влегува во претседателската трка

Српскиот претседател Томислав Николиќ најверојатно нема да влезе во трката за нов мандат, неофицијално дознава „Б92“ од кругови блиски до поранешниот претседател на Сrпската народна партија (СНС).

Како што се најавува, одлуката треба да биде потврдена во текот на денот, откако ќе се сретнат Николиќ и актуелниот српски премиер и лидер на СНС, Александар Вучиќ.

Николиќ вчера изјави дека „се уште чека на договор со Вучиќ“, додека премиерот во текот на денот кажа дека со Николиќ „ќе разговара кога било и за што било“, но дека нема да се согласи со тоа што јавноста „наметнува ријалитио шоу“.

Од опкружувањето на Николиќ за „Б92“ претходно кажаа дека во текот на денот се очекува средбата Николиќ – Вучиќ, како и дека изминатите денови имало контакти, кога се слушнале и „посмирени тонови“.

Истовремено, извори од кабинетот на премиерот, за „Б92“ и за другите медиуми и агенции демантираа дека имало телефонски разговор меѓу нив пред седницата на Главниот одбор на СНС.

Најмалку 50 лица загинаа во невреме во Авганистан

Најмалку 50 лица загинаа во невреме кое го погоди Авганистан во претходните три дена вклучувајќи и 25 овчари, кои се сметаат на исчезнати, соопшти денеска Националната агенција за катастрофи, пренесува Танјуг.

Меѓу загинатите има и 11 лица на кои им паднал покривот поради силниот дожд.

Лошото време ја отежнува испораката на хуманитарна помош, особено во оддалечените области.

ЕК демантира дека се очекува Јункер да поднесе оставка

Претставник на Европската комисија денеска ги демантираше шпекулациите изнесени во некои медиумите дека претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер ќе поднесе оставка.

Дел од европските весници денеска објавија дека се очекува Јункер да се повлече од функцијата до почетокот на април.

– Понекогаш новинарите повторуваат една иста работа без никака основа, не знам зошто тоа се случува, изјави портпаролот на ЕК.

– Јункер јасно изјави во 2014 година дека пет години му се доволни на таа позиција и оти нема да се кандидира за втор мандат. Со тоа тој си ја задржа слободата да прави што ќе оцени дека треба да прави, без да се стреми кон втор мандат. Со тоа Јункер останува независен и слободен, додаде портпаролот.