5-годишно девојче посакало да се омажи со најдобриот пријател

На прв поглед, 5-годишната Софија изгледа исто како и секое друго дете. Таа е весело и зборливо девојче со огромна насмевка на лицето. Но, малкумина знаат дека таа е вистински борец!

Софија Кјапалоне од Конектикат, САД била родена со генетска срцева мана. Имено, таа била родена со половина срце, односно недостасувала целата негова десна страна и не се очекувало дека ќе ја доживее 3-тата година од животот. Меѓутоа, Софија го докажала спротивното!

Уште од бебе, Софија поголемиот дел од времето го поминувала во болница. Сега повторно се подготвува за уште една операција, која ќе биде нејзината 4-та операција на отворено срце. Но, пред тоа, девојчето посакало да ѝ се оствари еден од нејзините најголеми соништа.

Софија посакала да има венчавка од соништата и да се „омажи“ со нејзиниот најдобар пријател, Хантер.

 

Кристи добила дозвола од родителите на Хантер и организирала „свадбена фотосесија“ за децата. Децата се дотерале за таа прилика и се забавувале додека позирале за фотографиите. Сега Софија е подготвена за уште една борба!

 

Извор:Кафепауза.мк