Младата фудбалска репрезентација убедливо поразена од Австрија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година останува на дното на табелата во групата 7 и по четвртиот квалификациски натпревар, затоа што како домаќин на „Филип Втори“ Арената со 0-4 (0-3) загуби од селекцијата на Австрија.

Арнел Јакуповиќ со топовски удар од далечина го погоди нашиот гол во 11. минута, откако само неколку минути претходно Чешмеџиев од слободен удар немаше среќа да и донесе предност на Македонија.

По примениот гол немавме противигра за разиграните младинци на Австрија кои си ги користеа своите шанси.

Матијас Хонсак во 26. минута погоди за 2:0, а десет минути подоцна веќе беше и 3:0 за Австрија по погодокот на Конрад Ламер.

Арнел Јакуповиќ својот втор гол на мечот,четврти за Австрија го постигна во 54 минута.

foto:gol.mk