12 репрезентации во битка за пласман на Мундијалот во Русија

Уште шест слободни места остнаа за Светското првенство во Русија, за кои конкурираат 12 репрезентаации. Списокот на учесници ќе биде комплетиран во наредните седум дена кога ќе се одиграат баражите, четири европски и два интерконтинетални.

Во европските квалификации ќе играат Северна Ирска-Швајцарија, Хрватска-Грција, Шведска-Италија и Данска-Република Ирска, а во интерконтинеталните Хондурас-Австралија и Нов Зеланд-Перу.

Два натпревари во кои ќе бидат вперени очите на „дисциплинците“ од УЕФА ќе одиграат Хрватска и Грција. Веднаш по извлекувањето на бараж двојките Хрватите и Грците договорија на дуелите да нема гостински навивачи.

Дербито во баражот ќе го одиграат Шведска и Италија. Швеѓаните ги пропуштија Мундијалите во Јужна Африка (2010) и Бразил (2014), а селекторот на оваа репрезентација смета дека и пласманот во баражот е голем успех.
Шведска во квалификациите беше пред Холандија и Бугарија, а зад Франција.

Република Ирска и Данска е двојката која барем на „хартија“ треба да понуди најмногу неизвесност. И едните и другите имаат свои адути, Ирците не се поразени на последните шест гостувања, додека Данците како домаќини не загубиле на последните осум натпревари.

Многу „оган“ се очекува и во интерконтинеталните квалификации. Австралија не успеа да избори директен пласман и ќе мора патот до Русија да го бара преку Хондурас.
„Кенгурите“ поради освоеното трето место во својата калификациска група мораа да играат бараж против Сирија, кој го добија со вкупни 3:2.
Двете селекции играа на последното СП во Бразил, со таа разлика што за Австрлија тоа беше трето во низа, додека Хундурас пред Мундијалот во Бразил последното учество го имаше во Шпанија во 1982 година.
Хондурас никогаш не играл дополнителни квалификации, додека Австрлија учествувала четири пати и никогаш не успеала да победи.
Руска виза посакуваат и Нов Зеланд односно Перу. Перуанците слично како и Северна Ирска немаат учество на СП уште од 1982 година, додека „кивите“ беа дел од СП во 2010 година, кога оставија одличен впечаток.
Перу пред дополнителнитеквалификации доживеа тежок удар бидејќи нивниот најдобар играч и капитен Паоло Гуереро падна на допинг тестот, поради ФИФА ми изреше 30-дневна суепнзија.

Распоред на натпреварите:
Европа, први натпревари:
Хрватска-Грција (9 ноември)
Северна Ирска-Швајцарија (9 ноември)
Шведска-Италија (10 ноември)
Данска-Ирска (11 ноември)

Реванши:
Грција-Хрватска (12 ноември)
Швајцарија-Северна Ирска (12 ноември)
Италија-Шведска (13 ноември)
Ирска-Данска (14 ноември)

Азија/КОНКАКАВ
Хондурас-Австралија (10 ноември)
Австралија-Хондурас (15 ноември)
Океанија/Јужна Америка
Нов Земанд-Перу (11 ноември)
Перу-Нов Зеланд (16 ноември).