Џенифер Лопез и Алекс Родригез уживаа на Француската ривиера

Музичката Ѕвезда Џенифер Лопез и поранешниот супер стар на Јенките уживаа на одмор во Франција , следени од толпи папраци .

 

По серијата фотографии од Париз, најмногу внимание привлекоа сликите на јахта , фотографирани на Антиб, на француската ривиера. Најголемо внимание привлекоа фотографиите на Џеј Ло во костим за капење додека го масира А­ Род , а тој си игра со мобилниот телефон .

Славната двојка на почетокот на неделата од Мајами отпатува во Ница заедно со нивниот менаџер , неколку пријатели и телохранители.

Потоа беа видени во Монако на обиколка на казината, за денот да го завршат на неколкучасовна вечера во Езе. По обиколката со јахта на сите значајни места на Ривиерата, Лопез и Родригез имаа време и за часови по јога во Сен Тропе.