Јоханис: НАТО не е закана за Русија

НАТО не сака конфронтација и не е закана за Русија, изјави претседателот на Романија, Клаус Јоханис на 63. годишна сесија на Парламентарното собрание на Алијансата, што се одржува во Букрешт.

Тој додаде дека во односите со Русија е неопходна долгорочна стратегија, која вклучува дијалог.

– Нашата цел е мирот, не војната. НАТО не бара конфронтација и не е закана за Русија, посочи Јоханис.

Тој потенцира дека треба да биде засилено присуството на НАТО на источното крило, во најгоелма мера на југ – во Црно Море.

– НАТО треба да биде засилено повеќе од кога било и Романија ќе направи се, што е во нејзина моќ, за таа цел. Романија е одговорен сојузник и надежен партнер за дијалог, истакна Јоханис.