Ѓорческа со голем пад и во сингл и во дубл конкуренција

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа пад од 10 позиции на најновата ВТА рагн листа и сега се наоѓа на 180 – то место.

Пред Ѓорческа на ВТА ранкингот се наоѓа некогашната прва тенисерка во Светот и 4 кратна Грен слем шампионка Марија Шарапова, која поради користење на мелдониум беше суспендирана година и пол од тениските терени.

Во дубл нашата тенисерка забележа пад од 12 позиции и сега е 128.

На врвот на ВТА ранг листата нема промени. Анжелик Кербер е прва пред Симона Халеп, додека во топ 5 уште се наоѓаат и: Каролина Плишкова, Серена Вилијамс и Елина Свитолина.