Шоу на Ериксен за пласман на Данска на Мундијалот во Русија

Фудбалската репрезентација на Данска си обезбеди место на завршницата на Мундијалот во Русија, откако победи со 5:1 во реванш натпреварот против Република Ирска од баражот пласман ма СП 2018 година.

Уште поимпресивно е тоа што гостите направија целосен пресврт во Даблин откако први примија гол.

Шејн Дафи им донесе предност на „детелинките“ уште во 6-тата минута.По автоголот на Сајрус Кристи во 29-тата, следува три погодоци на Кристијан Ериксен во 32-тата, 63-тата и 74-тата минута, за да на крајот со гол од пенал на Никлас Бендтнер во 90-та минута беше запечатен големиот успех на гостите.

Првата средба во Данска заврши без победник 0:0.