Шок за Манчестер Јунајтед, се повреди Пол Погба

Најскапото засилување на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, по лошо ќе го памети своето деби како капитен за „црвените ѓаволи“ во првото коло од ЛШ.

Францускиот ас поради повреда мораше предвреме да го заврши вечерашниот меч против Базел. Најверојатно се работи за повреда на задната ложа, која може неколку седмици да го оддалечи од фудбалскиот терен. На негово место влезе Маруан Фелаини, а токму Белгиецот со гол во 35. минута донесе „ѓаволско“ водство на „Олд Трафорд“.