Челзи остана без Педро

Белгискиот фудбалски репрезентативец Еден Азар веќе подолг период е повреден, а сега листата на повредени играчи на Челзи ја дополни и шпанскиот репрезентативец Педро Родригез, потврди за англиските медиуми менаџерот на „сините“, Антонио Конте.

Сè уште не е познато колкав период Педро ќе биде надвор од терените, но сигурно ќе го пропушти стартот на сезоната во Премиер лигата.

Шпанецот повредата ја заработи на мечот од Супер Купот на Англија против Арсенал по кој лекарските прегледи покажаа дека повредата не е наивна и дека Педро ќе мора од одсуствува подолго време од фудбалските терени.