Чави: Фудбалер кој ќе побара да замине од Барса, никогаш потоа не би го вратил во клубот

Легендата на Барселона, Чави Хернандез пред две години се раздели со каталонскиот тим и одлучи да се пресели во Катар, каде стана лидер на екипата на Ал Сад.

„Искрено, јас не би вратил ниту еден фудбалер кој претходно барал да замине од клубот. Зошто заминуваат со 16 или 17 години? Тоа го сметам за предавство кое не можам да го разберам. Тоа е мојата филозофија. Ако сакате да заминете, тогаш немој никогаш повеќе да барате да се вратите“ – изјави Чави.