„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Околу 16.000 мигранти доброволно си заминале од Грција

Вкупно 16.003 баратели на азил доброволно си заминале од Грција со помош на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), тврди германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” (ФАЗ).

Повикувајќи се на податоци од грчката полиција, германскиот весник наведува дека повеќето од мигрантите, кои со помош на ИОМ си заминале од Грција, се од Албанија, Пакистан, Бангладеш, Авганистан, и од северноафрикански земји.

Претставник на грчките безбедносни сили изјавил дека овие луѓе немале никакви шанси да добијат азил во Грција.