Филмската комедија „Ах, љубов моја неверна“ на Коле Ангеловски премиерно на Скопски филмски фестивал

Филмската комедија „Ах, љубов моја неверна“ на македонскиот режисер Коле Ангеловски ќе биде премиерно прикажана на Скопскиот филмски фестивал кој почнува денеска. Филмот ќе биде прикажен во програмата македонска продукција.

„Ах, љубов моја неверна“ е приказна за позната поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивините проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот сепак ќе завршат со среќен крај.

Сценарист и режисер на филмот е Коле Ангеловски. Улогите ги толкуваат:  Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир, Андон Јовановски.

Продуценти се Горан Стојилковиќ, Димитар Николов и Владимир Стојчевски. Директор на фотографија е Роберт Јанкуловски, Илина Ангеловска е сценограф, а костимите се на Лира Грабул и Раде Василев. Дизајнот на звук е на Дарко Спасовски Пацки, а музиката е на Венко Серафимов и Џенгиз Ибрахим.

Филмот е реализиран со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија.

Од 27 април „Ах, љубов моја неверна“ од 27 април ќе се прикажува во кината низ Македонија.