Утринско кафе во 10 на тема : “Dear Diary“

Mладиот музичар од Штип Виктор Пецов , кој е успешен пијанист , во февруари годинава со „Questions“ нурна во светот на поп музиката . Во таа прилика изјави “Доколку на публиката и се допаѓа , ветувам дека никогаш нема да престанам.“
Очигледно публиката сака уште . Овие жешки денови Виктор Пецов алијас Вико освежува со вистинско ар ен би парче  “Dear Diary“ кое го изведува со Breana Marin од Лос Анџелес. Вико е автор на музиката и текстот ,матрицата е дело на американецот  Mantra , а за миксот / мастерингот беше задолжен Мики Миноски – Иноматик .