Убедлив триумф на фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години за пасман во елитните квалификации за ЕП

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години во голем стил го потврди пласманот во елитните квалификации за пласман на ЕП, совладувајќи ја селекцијата на Лихтенштајн со 6-0 во третиот меч од турнирот што се одржа во Скопје.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ го освоија првото место, со максимални 9 бода од три натпревари, и гол разлика 10-2. Ждребот за елитните квалификации ќе се одржи на 6.декември во Нион, а следното Европско првенство ќе биде во Финска.

Новата „златна генерација“ на македонскиот фудбал по победите над Швајцарија и над Белгија, очекувано го декласира и Лихтенштајн, и тоа без помошта на Елиф Елмас.

Блескаше напаѓачот на Спортинг Лисабон, Димитар Митровски, кој постигна хет – трик, а во листата на стрелците се запишаа и Дарко Чурлинов, Бојан Колевски и Бојан Миовски.