Судиите од Кривичниот суд се сретнаа со експертската група на Прибе

Судиите на Кривичниот суд денеска одржаа средба со експертскиот тим предводен од Рајнхард Прибе. На средбата, како што соопштија од Судот, било истакнато дека извештајот на работната група и препораките од јуни 2015-та година се основа за реформите во судството.

Како што е наведено во соопштението, судиите ја истакнале потребата од нивно поактивно вклучување во процесот на изготвување решенија за прашањата поврзани со финансирање на судството, условите за избор и напредување во кариерата, следењето на работата и оценувањето на судиите, разрешување на судии …

Воедно судиите посочиле дека ги поддржуваат процесите кои водат кон зајакнување на нивната независност и враќање на довербата на граѓаните во судството.

– Присутните на средбата се согласија дека само независно судство може да биде гарант на слободата и правата на граѓаните, се додава во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.