Србија: Отпадот од складиштето во Винча ќе биде претворен во електрична и топлинска енергија

По тригодишните подготовки од идниот месец започнува да се решава најголемиот еколошки проблем во Европа – складиштето за радиоактивен отпад во Винча, близу до Белград, пишува белградскиот весник „Вечерње новости“, истакнувајќи дека во градската управа пристигнале пет предлози за државно-приватно партнерство.

Отворањето на понудите ќе се одржи на 13 јули и тогаш ќе стане јасно која странска фирма ќе го санира и затвори складиштето.

Отпадот ќе биде претворен во електрична и топлинска енергија.

Градоначалникот на Белград Синиша Мали наведе дека новите капацитети ќе произведуваат околу 30 мегавати електрична енергија или 100 мегавати топлинска енергија.

Вкупната вредност на инвестицијата за складиштето е 300 милиони евра, а сумата ќе биде обезбедена од приватен партнер.

Новите капацитети ќе го зголемат производството на електрична и топлинска енергија.

Договорот за државно-приватно партнерство е таков. што во следните 20-25 години објектот ќе остане во  сопственост на градот. Компанијата што ќе биде партнер ќе управува со складиштетот само на определено време.