Сообраќајот во овој дел од денот

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Виадукт Трејд известува дека ќе се изведуваат градежни активности, реконструкција на десната страна на коловозот, со времетраење од 6 (шест) месеци од Граничен премин “Богородица” до клучка Гевгелија во должина од 5км. Компанијата Ескаватори МК дооел – Скопје известува дека ќе ги изведува градежните работи за Рехабилитација на сообраќајна возна лента на државен пат А1, делница Велес (Штипска клучка) – Градски и Градски – Велес (Штипска Клучка). Сообрачајот ќе се одвива под одобрем изменет режим во период од 17.07.2017 год. до 31.12.2017 год.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 11.50 чaсот, сообраќајот на магистралниот пат А1 Удово – Гевгелија, кај Марвинска клучка кој беше во прекин поради сообраќајна незгода е нормализиран.

НАЈАВА: Од 01.07.2017 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. (ПОДЕТАЛНО)