СКАНДАЛ: Младите без Талески на мундијалот

Машката младинска репрезентација на Македонија без капитенот Филип Талески ќе мора да настапи на Светското првенство во Алжир, следниот месец. Последниот голем собир на оваа генерација ќе помине без левиот бек, кој не доби „зелено светло“ од бундеслигашот Рајн Некар Левен за настап на Светското првенство.

„Лавовите“ стартот на подготовките за новата сезона го имаат закажано на 18 јули, термин во кој започнува и учеството на Македонија на мундијалот. Доколку нашите надежи ја поминат групната фаза ќе играат во осминафиналето, а и ако завршат во долниот дел на табелата разигруваат за пласман што би значело дека Талески ќе пропушти скоро 15-тина дена од клупските подготовки.

Во периодот кој претстои останува да видиме дали РФМ и „лавовите“ ќе успејат да најдат заеднички јазик и селекторот Илија Темелковски да го има на располагање еден од главните играчи во репрезентацијата.