САД: Прво промена на Уставот, па трансфомација на Косовските безбедносни сили

Американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави изјави дека САД ја поддржуваат трансформацијата на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово.

Меѓутоа, како што истакна, тоа би требало да се спроведе по пат на измени на косовскиот Устав и со учество на сите заедници кои живеат на Косово.

Како што јави приштинскиот весник „Зери“, ваквата изјава Делави ја даде на средбата со новиот министер за Косовските безбедносни сили, Рустем Бериша.

Американскиот амбасадор во Приштина и претходно изјави дека ставот на САД е оти трансформацијата на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово треба да се спроведе измена на Уставот, истакнувајќи дека тоа е важно, бидејќи обезбедува сите заедници да учествуваат во многу важниот процес на носење одлуки.