Сагата околу Диего Коста продолжува

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста многу брзо би можел да облече нов дрес, пренесуваат англиските медиуми.

Имено, додека се чека договорот помеѓу Челзи и Атлетико Мадрид англиските медиуми дознаваат дека шпанскиот репрезентативец до јануари би можел да заигра во Саудиска Арабија на позајмица во Ал Халил.

Клубот Ал Халил е шампион во Саудиска Арабија и еден од најсилните тимови во Азија, а Коста би требало да остане во форма до конечното преминување во Атлетико.