Рутинирана победа на Вардар во СЕХА против Динамик

Актуелниот ракометен шампион во СЕХА лигата, Вардар продолжи со доминацијата на стартот од новата сезона и го победи Динамо Панчево со 42-32 (20-17) во Скопје за седма победа од исто толку натпревари.

Раул Гонзалез им даде шанса на ракометарите, кои добиваат помала минутажа, но сепак победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

Марсениќ со осум и Чупиќ со шест гола беа најефикасни кај нашиот првак, Кањељас постигна пет, а по четири за своето име имаа Поповски, Недановски и Кристопанс.

foto:gol.mk