Робин О Нил: Никаков компромис со Грција, Македонија веднаш пред ООН за Уставното име..!

Одговорите на грчкиот шеф на дипломатијата Коцијас дадени за време на најновата посета  на министерот за надворешни работи на Македонија  Димитров  го потврдува  незапирливото непријателство на Грција кон Македонија. Изјави  за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ на на Радио Слободна Македонија  Робин О Нил   поранешен  медијатор во грчко македонскиот спор.

Британскиот амбасадор додава:   Со Привремената спогодба од Њу ЈОрк 1995 год, Грција се обврза да го прифати приемот на Македонија во НАТО под името БЈРМ, но штом Македонија се понуди да го прифати овој курс, Грција се сврте во спротивна насока., оценува О Нил.

Грција  и натаму настојува Македонија да го смени своето уставно име!

 Во мојата мисија во 1992 година Владата на Република Македонија направи искрена понуда за промена на името,а тоа беше Репубилка Македонија(Скопје), но  Грција ја одби таа понуда!” истакнува британскиот медјатор.

 Тој за Гласот на народот  објаснува: „Во изминатите 25 години Грција никогаш  не пројавува добра воља за решавање на проблемот , од каде би произлегувале конструктивни предлози  за тоа што би можело да биде прифатливо ново име.

Времето за барање компромиси е завршено. Грција не е заинтересирана за преговарање. Македонија сега треба да премине на меѓународната сцена.“, вели О  Нил.

Во светлината на овој најнов грчкиот одговор силно верувам дека Македонија сега треба да  се обрати пред Генералнотто собрание на ООН и да побара согласност од ОН да ја прифати како членка под нејзиното уставно име Република Македонија ! Оваа го имам изјавено речиси десетина пати за вашата програма, потсетува О Нил.

 Медијаторот О Нил со став:„ Според меѓународното право Македонија има право  да го користи името на својот сопствен избор.

Многу земји во светот ја признаа Македонија под тоа име во текот на изминатите 25 години и не предизвика никаква штета без оглед на Грција или на луѓето во северна Грција.“категоричен  е британскиот амбасадор, и додава:

Откако Македонија ќе биде признаена во ОН под нејзиното  вистинско име, изгледите на нејзиниот влез во НАТО и ЕУ ќе бидат подобри, а не полоши.“, изјави Робин О Нил   поранешен  медијатор во грчко македонскиот спор за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ на на Радио Слободна Македонија.