Промовирана „Dancing Through Life“ на Мина Блажев за јуниорскиот Евросонг

Младата и талентирана Мина Блажев (14) е македонската претставничка на јуниорскиот Евросонг 2017 кој ќе се одржи во Тбилиси, Грузија. Нејзината песна е насловена „Dancing Through Life“  (Со танц низ животот).

Песната е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски. Видео записот е веќе промовиран на „јутјуб“ преку официјалната веб страница.
Спотот е изработен во режија на Чедо Поповски.