Портокалово предуредување поради невреме во неколку француски и холандски региони

Француската метеоролошка служба објави зголемено портокалово предупредување во седум источни департмани во земјата поради опасноста од поплави по обилните дождови.

Исто така, и холандскиот Метеоролошкиот институт издаде портокалово предупредување поради силните ветрови.

Се претпоставува дека ветерот во западните делови на Холандија ќе достигне брзина од 120 километри на час.

Поради невремето, аеродромот „Схипхол“  досега откажа речиси 60 летови во Европа.